Голем пожар избувна во фабрика за рециклирање пластика во предградието Метаморфоси во северниот дел на Атина.

Затворен е дел од автопатот кон Ламиа, а особена загриженост предизвикува густиот отровен чад.

Oсвен што соопштија упатства до граѓаните, oд Секретаријатот за цивилна заштита на Грција, испратија порака до мобилните телефони на жителите на Атина преку бројот за итни случаи со која предупредуваат за опасниот чад.

Затворете ги сите врати и прозорци. Избегнете движења. Пожар во фабрика за пластика во вашиот регион, опасен чад. Вдишувњето на чадот може да биде опасно – пишува во пораката.

Во гаснењето на пожарот интервенираат 49 пожарникари со 14 возила, два хеликоптери, волонтери и цистерни од општината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.