Во Бугарија е извршен голем хакерски напад врз Националниот систем за издавање зелени сертификати. За нападите потврдуваат од „Информативни служби“ кои во изминатите три денови неутрализирале над 400 непријателски кампањи против здравствениот сајт.

Во моментите на врвот на големиот кибер напад, системот не беше достапен и корисниците не можеа да влезат на страницата и да ги преземат своите зелени сертификати за Ковид-19.

Најголем пик на нападот бил во утринските часови на 21 октомври. За време на нападите не протекле лични податоци, соопштија од Информативните служби.

„Информативни служби“ АД е бугарски национален системски интегратор на државната администрација. Компанијата гради, одржува, развива и ја следи оперативноста на информациските системи од национално значење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.