Против 16-годишен ученик во средно училиште во Ваљево, Србија е поднесена кривична пријава за обљуба врз дете, прикажување порнографски материјал и искористување на дете за порнографија, сооптшти српското МВР.

Како што пренесуваат српските медиуми, тинејџерот ја искористил вљубеноста на 12-годишното девојче, учесничка во шесто одделение, ја повикал на состанок, а потоа под закана ја присилил на орален секс. Сексуалниот чин го снимал со мобилен телефон, а видеото го испратил на другар, по што тоа се раширило низ основните и средни училишта низ градот.

Девојчето во полиција изјавило дека тој ја присилил на орален секс под закана дека ќе ја повреди нејзината сестра.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.