Српскиот претседател, Александар Вучиќ рече дека немало ништо лошо во тоа што седел спроти американскиот претседател Доналд Трамп за време на неговиот состанок во Белата куќа.

Фотографиите од тој состанок беа проследени со негативни коментари, при што многумина рекоа дека српскиот претседател изгледал како ученик.

Седев спроти Трамп, тој секогаш седи спроти неговиот соговорник. Така разговарав со сите – рече Вучиќ.

Вучиќ истакна дека при потпишувањето на договорот Трамп седел на средина, пред своето биро, додека тој бил на десната страна, што, како што вели, не е особено важно, но е добар знак.

А, што би очекувале. Запознавме многу од нив (кои критикуваат) со ранец на грб, само за да се сликаат со некој во Давос, да се пофалат и да не сторат ништо.Тие во Белата куќа не влегле, освен туристички – рече Вучиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.