Водачите на „кавачкиот клан“, Радоје Звицер и Слободан Кашчелан направиле кобна грешка кога решиле брутално да го убијат кумот на Аркан, Никола Станишиќ.

Со киднапирањето и убиството на синот на Радослав Станишиќ, наречен Рак Дилинџер, тие го разбудиле сомнежот кај француската полиција, која „упаднала“ во нивните телефони „Скај“ и на тој начин ги разоткрила сите монструозни злосторства на овој клан, вклучително и злосторствата на безмилосната група Вељко Беливук.

Никола Станишиќ имал француско државјанство, поради што локалната полиција, но и нејзините тајни служби тргнале во потрага по исчезнатиот млад човек, чија мајка е Французинка.

„Кавчаните“ на прво август го киднапирале Станишиќ, по што го мачеле, а потоа го убиле и го закопале во шумата на Ловќен. Неговите останки се уште не се пронајдени, а клучниот доказ во истрагата, доколку не успее потрагата по останките од телото на Никола Станишиќ, ќе биде автомобилот во кој бил превезуван и во кој бил мачен. Toј бил ставен на ражен и печен како прасе.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.