Познат лекар од Ниш бил жртва на трговија со луѓе.

Како што соопштиле од српската олиција, за ова дело е уапсен брачен пар.

Од март 2019 година до март годинава, двајцата со употреба на сила и закани го задржале лекарот со цел да ја искористат неговата работа и да воспостават робовска врска, принудувајќи го да ја напушти семејната куќа и да живее на улицата, ограничувајќи му ја слободата на движење и комуникација со други луѓе – се наведува во објавата на Вишото јавно обвинителство.

Оттаму додаваат и дека сопружниците му ја одзеле и пензијата и го принудувале лекарот да позајмува пари од познаници и да им ги дава на сега осомничените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.