По покана на службената министерка за туризам на Бугарија, Стела Балтова, првата бугарска глумица номинирана за Оскар – Марија Бакалова, непосредно по нејзиното учество на Филмскиот фестивал во Кан, беше гостинка во Министерството за туризам.

Балтова го оценила високо успехот на Бакалова, што за толку кусо време таа направила толку многу – не само за младите кои се осмелуваат да тргнат по нејзиниот пат во светот на киноуметноста, туку и затоа што го насочи вниманието кон Бугарија, кон родниот град Бургас и воопшто кон југоисточна Европа.

На средбата, министерката ѝ врачила на младата глумица почесно признание „Амбасадор на дестинацијата Бугарија“ и ги поздравила нејзините успеси што таа ги постигнала така млада.

Плакетата што Балтова ѝ ја врачи на Бакалова значи дека таа сега е амбасадорка на популаризирањето на разнообразноста на Бугарија како туристичка дестинација, со што „Бренд Бугарија“ го има своето ново лице, кое треба да ја направи земјата попопуларна и попозната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.