Кавачкиот клан најде нова рута за шверц на дрогата од Балканот. Тоа е Албанија и Косово од каде што тргнува дрогата на пат кон западноевропските земји. Српскиот весник „Курир“ тврди дека на административниот премин „Јариње“ е упасен 49 годишниот М.А во чии автомобил е најдено 6.7 килограми кокаин.

Дрогата ја презел во Албанија и требало да ја однесе во Германија и Австрија. Кокаинот бил со голема чистота и спакуван во шест т.н „цигли“

„Циглите“ се наоѓале со бункер во Аудито а била пронајдена од полициско куче кое ја намирисало дрогата иако била обвиткана со салотејп.

Како што тврдат српските медиуми целата операција ја контролирал лично водачот Радоје Звицер кој поседува и македонски пасош. Тој има добри соработници на Косово бидејќи и самиот едно време се криеше во Приштина а сега се наоѓа некаде во Јужна Америка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.