Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, се огласи во јавноста со објаснување дека претходно преземените обврски го спречиле да присуствува на првата седница на новиот парламент, но дека тоа не значи дека има намера да поднесе оставка.

Сè уште е само протоколарно прашање. Многу е поважно што постојано изјавувавме дека ги признаваме резултатите од изборите и им честитаме на победниците. Ќе сториме сè за трансферот на власта да се одвива брзо и непречено – порача Ѓукановиќ во интервју за „Око Глобуса“.

За потсетување, Алекса Бечиќ, новоизбраниот претседател на Собранието, пред неколку дена побара оставка од Ѓукановиќ, кој одговори дека ќе остане на таа позиција.

Секој може да побара моја оставка, а сега и јас можам да побарам негова оставка. Јас сум легитимно избран претседател, многу сум горд на сè што постигнавме и мислам дека треба да продолжам да работам. Кој не сака да соработува, нема го загрози моето функционирање како претседател. Имам одреден капацитет на уставни овластувања што ќе ги користам како порано – изјави Ѓукановиќ.

Споредувајќи ја ситуацијата со онаа на хрватската политичка сцена, Ѓукановиќ вели дека во Црна Гора ќе има „нормална кохабитација, барем што се однесува до него“.

Тој изјави дека последната фаза на легитимирање на изборниот процес почнал со конституирање на Собранието.

Претседателот на парламентот е избран и барем неформално го објави кандидатот за премиер. Велам неформално, затоа што сега почнува да тече периодот од еден месец во кој претседателот ќе се консултира со лидерите на политичките партии. Владата мора да биде конституирана во следните 90 дена – заклучува Ѓукановиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.