Преседателот на Црна, Мило Ѓукановиќ, за време на панел дискусија на Преспанскиот форум за дијалог, порача дека има застој во политиките на проширување на Европската Унија кон Западниот Балкан, поради лошите пораки од одредени европски фактори кон земји од регионот.

Имаме застој во политиката на проширување на Европската Унија кон Западниот Балкан. Најпрво долго се зборуваше за замор, а потоа таа реторика малку стивна, но лошата динамика на таа политика остана. Денес логично зборуваме за падот на евроентузијазмот на Западниот Балкан и ми се чини дека често во разговорите кој ги имаме меѓу лидерите на Западен Балкан и функциоерите од Брисел, едни со други си приговараме и слушаме дека владењето на правото во Балканот е недоволно и дека реформите го изгубиле темпото, а ние предупредуваме дека лошите пораки од одредени европски адреси предизвика пад на евроентиузијазмот – изјави Ѓукановиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.