Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, побара земјата да ги затвори границите и да пристапи кон забрзана имунизација на населението, затоа што, како што истакна, здравјето на граѓаните било во сериозна опасност.

Бројот на починати е страшен, слично како и бројот на заразени од корона вирусот, поради што е потребно навремено воведување и ефикасно спроведување на епидемиолошките мерки, односно затворање на границата за влез во државата без ПЦР-тест, а неопходно е и забрзување на процесот на имунизација на населението – истакна Ѓукановиќ.

Според Ѓукановиќ, за да успее тоа сите мора да се издигнат над поделбите, да заборавиме на меѓусебните обвинувања и сите разлики и несогласувања од политичка и друга природа и да покажат дека како општество се дораснати на серизониот предизвик. 

Тоа што во април или во мај минатата година беше тажна вест во пријателски земји ширум светот со многу поголемо население, поради што испраќав изрази на сочувство и солидарност до шефовите на државите во име на граѓаните на Црна Гора и во мое лично име, сега е нашата трагична реалност – изјави црногорскиот претседател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.