Албанскиот претседател, Илир Мета пред парламентарната анкетна комисија, откри неколку детали кога станува збор за информациите кои ги добил од безбедносните структури за можни немири на протестот на опозицијата на 8 јуни.

Затоа неколку часа пред почетокот на протестот ги одложил изборите по што дошло до намалување на тензијата меѓу приврзаниците на опозицијата и полицијата.

Тајна и класифицирна информација даваше до знаење дека одредени лица ќе го злоупотребат протестот на 8 јуни, да го запалат Парламентот. Секако ова е една нова информција во тој првец, но доверлива, рече Мета.

Додаде дека тензиите нема да предизвикале судири и повредени само меѓу демонстранти и полицајци,туку тоа можело да прерасне во општ граѓански конфликт со несогледливи последици.

Рече дека е подготвен оваа информација да ја стави во функција на комисијата, но само откако ќе добие дозвола од надлежните безбедносни структури и откако ќе се провери дали членовите на комисијата имаат безбедносни сертификати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.