Во Бугарија под сериозна закана е владеењето на правото, поделбата на власта и човековите права – нагласи денеска бугарскиот главен обвинител Иван Гешев по присуството на сослушувањето во ЕП за состојбите во Бугарија.

Тој додаде дека државата сака засилен дијалог со европските институции, „вклучително и посериозен мониторинг на постоечкиот механизам за владеење на правото, јави БТА.

Гешев додаде дека европратениците биле заинтересирани за неколку конкретни предистражни постапки, како што е „Барселонагејт“.

Според Иван Гешев, кога се работи за реформи во правосудството, фокусот секогаш е на обвинителството.

Проблемот е во многу органи. Проблемот е во МВР, кое треба да се реформира. Проблемот е во судовите, кои исто така треба да се реформираат. Проблемот е во процедурите. Проблемот е одговорност на судиите, затоа што бугарскиот судија, верувајте, не може да биде казнет речиси за ништо – нагласи Гешев.

Главниот обвинител на Бугарија, исто така, рече дека обвинителството е подготвено да учествува во судските реформи, но истакна дека со текот на годините имало многу обиди тоа да се оствари.

Гешев додаде дека недостига соработка меѓу институциите во Бугарија и се прават обиди да се води војна со судството. Според него, МВР се обидува да ги зграпчи ингеренциите на судството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.