Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас повика во вторникот на дијалогот помеѓу Грција и Турција, предупредувајќи дека и „најмалата искра може да предизвика катастрофа“ во Источниот Медитеран.
За да го постигнеме ова, потребни ни се чекори кон ублажување на тензиите и да иницираме директни дискусии наместо нови провокации. Ние сакаме да го поддржиме ова колку што можеме, рече тој.
Маас исто така изрази поддршка од Берлин за Атина, ветувајќи дека „гласот на Грција ќе има посебна тежина“.
Претходно истиот ден, грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендијас, предупреди дека земјата „е подготвена да ги брани своите суверени права против Турција“, за решавање на територијалните спорови меѓу двете нации.
Грција е подготвена да ги брани своите суверени права против Турција, рече во вторникот министерот за надворешни работи на земјата, Никос Дендијас.
Во разговорот со неговиот германски колега, Хајко Мас, Дендијас ја обвини Турција за кршење на територијалниот интегритет на Грција и покрај повиците за решавање на тензиите во регионот што доаѓаат од Европската унија, Германија и Франција.
Тензиите ескалираа кога турскиот брод Орус Реис започна со дупчење на нафта и гас во она што Грција ги смета за свои територијални води. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во петокот повтори дека Турција има намера да го забрза процесот на истражување во областа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.