Германски државјанин се загубил вчера во околината на месноста и скијашкиот центар Брезовица на косовската страна од Шар Планина, каде што излегол да се скија, но заскитал поради густата магла, јави дописникот на МИА од Приштина.

Германскиот турист, идентификуван како Патрик, бил пронајден од спасувачките екипи синоќа околу 21 часот, по четиричасовна потрага.

Како што јавија косовските медиуми, гостинот од Германија се загубил откако, додека скијал, вчера доцна попладне на еден од планинските врвови одеднаш паднала густа магла, а потрагата по него почнала откако се јавил по телефон на една пицерија во близина на скијачкиот центар, чиј број случајно го зачувал во својот мобилен телефон.

Спасувачите информираа дека Патрик физички се чувствува добро, само што бил потресен од настанот, но го продолжува одморот во Брезовица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.