Германски експерти ќе почнаа да бараат литиум во Србија. Откако првичните анализи покажале дека овој метал го има на српските планини наскоро ќе почне испитувањето на квалитетот на литумот.

Литумот станува се повреден на светските берзи на метали поради големата побарувачка за батериите за електроавтомобили но и за мобилните телефони.

Дека Германија е заинтересирана пред неколку дена во Белград потврди и германската канцеларка Ангела Меркел.

Ако цел свет се интересира се интересираме и ние.Сите знаеме колку литиумот е важен за автомобилските батерии. Но постои страв дали ископувањето ќе биде по европски стандарди-рече Меркел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.