Германска влада им додели помош од 500.000 евра на косовските безбедносни сили за набавка на медицински материјали и опрема, пренeсува РТС.

Спогодбата за донација ја потпишале во косовското Министерство за одбрана вршителот на должност генерален секретар Фарук Геци и германскиот амбасадор во Приштина, Кристијан Хелт.

Како што се наведува во соопштението од министерството, косовските безбедносни сили со донацијата од германската влада планираат да ги подобрат капацитетите на својот медицински центар и да купат опрема што ќе придонесе за изградба на медицински капацитети и услуги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.