Министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска денеска потврди дека продолжува притисокот врз Софија за што поскоро почеток на преговорите со Скопје за влез во ЕУ.

Има притисок и сега продолжува, но нашиот став е јасен – очекуваме Македонија да почне да го спроведува Договорот и да обезбеди вклучување на Бугарите во Уставот на нивната земја.

Македонија мора да преземе јасни конкретни чекори за да обезбеди дека Договорот за пријателство, добрососедство и соработка ќе почне да се спроведува и ќе продолжи да се спроведува. Очекуваме конкретни активности, изјавила таа на бугарските новинари во Брисел.

Според министерката, вклучувањето на бугарското малцинство во Уставот на Македонија не би било доволно за одредување датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Таа додала дека официјалниот став на Бугарија е еден.

Има претставници на кабинетот и различни институции кои, се надевам, веќе разбраа дека Бугарија не може да има две надворешни политики. Ако има некаков напредок за тоа како ќе се развиваат нашите односи со Македонија во иднина, сето тоа ќе помине низ одлука на Националното собрание, порачала министерката.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.