Повторно рано утрово имаше инциденти на грчко – турската граница кај Еврос, кога од страна на Турција, според грчките медиуми, бил фрлен солзавец на грчка страна, а мигранти се обиделе нелегално да влезат во Грција.

Инциденти имаше и во текот на вчерашниот ден што трае до доцна во ноќта, кога, според грчката телевизија „Скај“, околу 600 лица фрлиле солзавци од турска на грчка страна и се обиделе да ја пробијат железната ограда за да влезат во Грција.

Грчките медиуми објавија дека мигрантите по должината на оградата, на турска територија запалиле оган на неколку различни места.

Тензиите кај Еврос, на границата меѓу Грција и Турција, траат веќе една седмица, а од минатата сабота, биле спречени над 38.000 обиди за нелегален влез на грчка територија и уапсени над 250 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.