Залудните осумчасовни преговори во Брисел се нов чекор во тензиите на Косово, пишуваат германските медиуми. Посебно посочуваат дека овој пат за неуспехот единствено бил обвинет Албин Курти.

Засега не успеаја напорите на Европската унија да ги помири тешките тензии меѓу Србија и Косово, ги сумира водечката германска агенција ДПА настаните од Брисел од понеделникот.

Ги пренесуваат зборовите на високиот претставник на ЕУ, Жосеп Борел, дека косовскиот премиер Албин Курти не го прифатил предлогот за деескалација и осумчасовните разговори останале без резултати.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, напротив, беше подготвен за договор, ги парафразира ДПА зборовите на Борел.

ДПА потсетува дека работата е тензична за регистарски таблички, па затоа српските полицајци ја напуштиле косовската полиција. Затоа полицијата на ЕУЛЕКС сега мора да се грижи за безбедноста на северот на Косово.

Компромисот, пишуваат медиумите, требаше да значи дека Косово ја одложува одлуката за пререгистрација, а Србија не издава нови таблички со регистрации на косовските градови.

Во краткиот извештај на „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ се нагласува фактот дека Борел го обвини Курти за неуспехот.

Борел, видно бесен, најави дека ќе ги информира шефовите на дипломатиите за одбивањето на Курти да се држи до меѓународните обврски“, пишува весникот.

За Косово, ова може да значи дека на Самитот за Западен Балкан за две недели во Тирана, не може да смета на долго посакуваната визна либерализација за граѓаните кои патуваат во ЕУ“, се наведува во франкфуртскиот весник. По тоа прашање, работите изгледаа како да се движат во последно време, а особено Германија се залагаше за тој чекор.

ЕУ предупредува на можност за насилство по неуспешните преговори за регистарски таблички“, е насловот на извештајот на порталот на неделникот Ците. Тоа е изјавата на Борел дека на северот на Косово владее опасен „безбедносен вакуум“.

Но, Курти доцна во понеделникот најави дека рокот за казнување на возачите за користење  српски регистарски таблички ќе биде одложен за 48 часа. Во тој период, како што најави, се надева на компромис. Претходно со Курти разговараше и американскиот амбасадор во Приштина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.