Фотографиите од спалната соба на бугарскиот премиер Бојко Борисов на кои се гледаат огромни суми пари и златни полуги се автентични. Тоа е потврдено со експертиза, што ја порачале сајтовите „Бивол“ и „e-vestnik.bg“.

Според експертизата, нема никакви интервенции со фотомонтажа или фалсификување со фотошоп, на што се повикуваат политичари и аналитичари преку социјалните мрежи.

Од досега направените анализи, можат да се дадат неколку објаснувања за содржината на фотографиите. Прво, дека тие не се фалсификувани и дека се снимени во спалната соба на премиерот. Можно е да се уредени, односно подготвени, како, што, впрочем претпоставува и самиот Борисов. Но, ова е доста комплицирано објаснување, зашто тоа значи дека во периодот од 2017 до 2019 година на трипати се внесувани во спалната на премиерот, значи во премиерската резиденција, околу 1 милион евра во пачки, златни полуги, евентуално и пиштол од марката, што го користи Борисов ако тој во моментот бил отсустен и својот пиштол го носел со себе (Борисов вели дека не се двои од него). А, станува збор за пиштол од марката Глок 17С.

Но, тоа што е најважно е дека сето тоа минувало низ обезбедувањето и на премиерот и на резиденцијата. Таква подготовка, пак, можело да се спроведе само со ангажман на обезбедувањето од Националната безбедност, што Борисов самиот го одбрал и во кое ангажирал и свои луѓе.

Од 9-те фотографии, 3 се потполно чисти, не се чепнати со фотошоп, ниту во метаподатоците им се сменети датите кога се снимени.  Во останатите 6 фотографии има промени во метаподатоците, со цел да се направи збрка кога точно се тие направени. Но, со експертизата сепак се утврдени реалната дата и час на фотографирањето, соопшти „Бивол“. Направени се со Ајфон 6, покажале анализите на форматот на сликите.

 

„Бивол“ и „Е-вестник“ ги поднеле фотографиите од спалната на Борисов на техничка експертиза. Притоа биле проверувани 9 различни фотографии од кои 5 биле испратени по електронска пошта на „Е-вестник“ и 4 на „Бивол“. На интернет циркулираат и други фотографии, што биле испратени на други сајтови, но поради недостапност до оригиналните фајлови тие не биле предмет на нализа.

Фотографиите биле испаретни до сајтовите преку различни доставувачи преку сервер за анонимна пошта „guerillamail“, кој генерирал еднократни адреси за секое испратено соопштение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.