Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека иднината на Западен Балкан е во ЕУ, говорејќи за време на нејзиното прво годишно обраќање за состојбата на Унијата пред Европскиот парламент.

Довербата е основа на силно партнерство и Европа секогаш ќе биде подготвена да гради силни партнерства со нашите најблиски соседи. Ова започнува со Западен Балкан, рече фон дер Лајен, веднаш по нагласувањето на проблемите со довербата што ЕУ во моментов ги има со Велика Британија во врска со преговорите за трговскиот договор.

Таа се осврна на најзначајните достигнувања во однос на ЕУ интеграцијата на регионот во изминатата година.

Одлуката пред шест месеци за отворање на пристапните преговори со Албанија и Македонија беше историска. Навистина, иднината на целиот регион е во Европската унија. Ние ја делиме истата историја, ја делиме истата судбина, рече фон дер Лајен.

Таа додаде дека Западен Балкан е дел од Европа и не е само стојалиште на Патот на свилата.

Наскоро ќе го претставиме Пакетот за економско закрепнување за регионот, фокусиран на бројот на иницијативи за инвестиции и ќе бидеме тука за земјите од Источното партнерство и за нашите јужни соседи, заклучи фон дер Лајен.

Говорот на претседателката на Европската унија исто така се фокусираше на закрепнувањето на ЕУ од пандемијата Ковид-19, дигиталната економија, животната средина и односите на Унијата со Кина и Соединетите држави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.