ретседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана нагласи дека пораката од денешниот самит е порака за обединување и дека „целиот регион на Западен Балкан и припаѓа на ЕУ“.

Важна тема на денешниот самит беше енергетската ефикасност, а по тој повод Фон дер Лајен на прес-конференцијата изјави дека е важно решенијата на ЕУ да важат и за регионот.

– Важно е решенијата што ги носиме во ЕУ да бидат и во регионот, се одлучивме за пакет помош од една милијарда евра за регионот. Половина ќе се инвестира во обновливи извори на енергија, што е поевтина, подобра за планетата и која ќе добие повеќе работни места за луѓето од регионот, а другиот дел ќе се инвестира во инфраструктура“, рече Фон дер Лајен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.