Хрватската полиција трага по двајца осомничени, кои во комбе превезувале 11 мигранти, а потоа побегнале откако биле откриени, соопшти полицијата.

Полицијаците од мобилната едница за надзор на државните граници, во сабота околу 5:30 часот кај населбата Маркушиќ, виделе бело комбе со странски таблички за кое се претпоставувало дека пренесува мигранти.

Во акцијата се приклучиле и други службеници, а кај местото Антуновац се обиделе да го сопрат возилото. Но возачот на комбето удрил во едно службено возило, и продолжил во насока на Барање.

Во бркотницата учествувале седум полициски возила, а комбето сопрело меѓу местата Норманци и Кошка.

Во возилото се најдени 10 мажи, и едно дете кое било лесно повредено, кому одма му е пружена помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.