Албанската министерка за здравство Огерта Манастирлиу најави дека според договорот со „Фајзер“, повеќе од 40 илјади дози од анти-ковид вакцината ќе пристигнат во Албанија во текот на следниот месец.

Таа додаде дека остатокот од вакцините од овој договор или околу 460 илјади дози ќе почнат да пристигнуваат на почетокот на јули, а планот за испорака треба да заврши во последното тромесечје од годинава,

Според министерката, следниот временски период ќе биде покриен со вакцини обезбедени од механизмот Ковакс и со преговори со други компании што ги води албанската влада.

– Добра вест. Со авансно плаќање од 3,9 милиони долари, Албанија е во првиот прозорец за обезбедување на анти – ковид вакцини преку механизмот Ковакс, напиша Манастирлиу на статус на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.