Европската инвестициска банка одобри заем од 10,3 милиони евра за Контролата на летање на Црна Гора и Србија за подобрување на квалитетот на воздушниот сообраќај во регионот.

Ова го соопшти денеска Европската инвестициска банка, објаснувајќи дека коридорите што ги контролира оваа служба на контрола на летање е клучна за целиот Западен Балкан. Со овие пари треба да се зајакне безбедноста на воздушниот сообраќај и интероперабилноста на услугите на контролата за летање за да се усогласи со нивото на земјите на Европската Унија.

Зголемената безбедност на воздушниот сообраќај е дел од главните европски цели, посебно во транспортниот сектор кој беше тешко погоден од пандемијата од Ковид-19. Драго ми е што Србија може да ги искористи финансиските средства на ЕУ за овој проект кој придонесува за интеграцијата на Западниот Балкан, изјави Сем Фабричи, амбасадорот на ЕУ во Србија. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.