Прашањето за европска интеграција на Македонија не било разгледано за време на краткиот разговор помеѓу претседателот Румен Радев и претседателот на САД Џо Бајден, соопштиле од Кабинетот на бугарскиот претседател специјално за БГНЕС.

Соопштението доаѓа „по информациите дека темата за европска интеграција на РС Македонија беше централна во разговорите меѓу двајцата шефови на држави и дека Бугарија била под сериозен притисок да даде „зелено светло“ за започнување преговори со Скопје со Европската унија“, јави Агенцијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.