Наредена е евакуација во селото Мегала Алонија, во северниот дел на јонскиот грчки остров Закинтос, бидејќи шумски пожар ја загрозува областа.

Жителите на тоа село добиле порака преку итниот број да се евакуираат во селото Ано Волимес, пренесува Катимерини.

Противпожарната служба во соопштението наведува дека на гаснење на пожарот работат 24 пожарникари со 10 противпожарни возила, со помош на пет водени млазови и еден хеликоптер.

Во текот на изминатите неколку недели пропратени со високи температури на воздухот низ цела Грција, забележани се повеќе од 500 пожари, најголеми на островот Евија. Во напорите за локализирање на пожарот во близина на Атина, на помош на пожарникарите дошле 24 авиони.

Евакуирани се четири населби и дом за стари лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.