Еврокомесарот за проширување се обрати пред Европскиот парламент на комеморацијата на 25-годишнината од геноцидот во Сребреница, нарекувајќи ја ‘отворената рана’ на Европа, јави дописничката на МИА од Брисел.

Вархеји потсети дека два меѓународни судови го квалификуваа масакрот на осум илјади мажи од страна на српските босански воени сили геноцид и увери дека Европа не ги заборава ниту жртвите, ниту нивните семејства.

-Европа потфрли во Сребреница и сега се соочуваме со нашиот срам. Геноцидот останува отворена рана во срцето на Европа и продолжува да нѐ прогонува, продолжува да нѐ потсетува на нашата заедничка одговорност, наша обврска е да се сеќаваме на Сребреница за секогаш, наша должност исто така е да се осигуриме дека ќе биде донесена правда, рече еврокомесарот за проширување.

Сега е поитно од било кого одговорните за воени злосторства во Сребреница да се соочат со последиците на нивните дела, додаде Вархеји во име на Европската комисија и предупреди дека секаков историски ревизионизам е неприфатлив.

За ЕК, помирувањето во регионот на западниот Балкан мора да биде приоритетен, и реториката на омраза е неприфатлива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.