Не успеа обидот на српската опозиција да издејстуваат договор со власта под покровителство на ЕУ . Намерата беше да се потпише српско „Пржино“ по македонско сценарио.

-Свесни сме дека овде нема шанси да бидат фер и чесни избори додека не се смени власта. Наскоро ќе видиме како ќе ја смениме власта, изјави шефот на опозицијата Драган  Ѓилас пред неколку денови.

Тој е лут на ЕУ,посебно на пратениците Фајон и Флекенштајн што застанале на страната на Вучиќ наместо на неговата.

Неколку недели претставници на власта и опозицијата заедно со европарламентарци  разговораа за подобрување на изборните закони. Опозицијата која во Србија има минорна поддршка и згора на тоа е поделена на неколку помали парти.Согледувајќи ја ситуацијата дека на избори никогаш не можат да го победат СНС и Вучиќ повикуваат помош од ЕУ со изговор дека не се задоволни од изборните услови.

Во Белград веднаш дојдоа добро познати ликови како европарламентарците Тања Фајон и Кнут Фленкенштајн кои имаат јасно изразени опозицицски ставови.

Конкретно српската опозиција бараше со неколку министри да влезе во влада, да има контрола во медиимското тело налик налик на нашиот Совет за радиодифузија, како и контрола на тоа што се објавува во весниците и телевизиите кои важат за провладни како Пинк и Хепи.

Ова се прави поради тоа опозициските медиуми кои се под контрола на Драган Ѓилас, еден од најбогатите Срби чие богатство се проценува на 600 милиони евра, како што се „Нова“ и „Телевизија Н1“ имаа слаба гледаност.

Европарламентарката Фајон вели дека се обидуваат да јандат компромис и да ги приближат различните ставови.

На крајот ни една страна, ни власта ни опозицијата не се потполно задоволни и мислам дека тоа е добро. Тоа значи дека секоја страна ќе мора со нешто да придонесе во нормалнизација на односите-објасни Фајон.

Ова многу наликува на случувањата во Македонија во 2016 година. Тогашната опозиција предводена од Заев бараше без да победи на избори да влезе во власта со неколку министри. Тоа и им успеа и во 2016 година под покротителство на ЕУ се потпиша Договорот од Пржино.

Пет години подоцна по истото сценарио а до други актери ЕУ му спрема на Вучиќ “српско Пржино“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.