Делегацијата на ЕУ во БиХ и Мисијата на ОБСЕ ги повикаа институциите во земјата да ги испитаат наводите за злоупотреба на власта, откако беше објавен аудио запис во кој шефот на Агенцијата за разузнавање и безбедност Осман Мехмедагиќ бара од главниот обвинител Гордана Тадиќ да ја прекине истрагата за неговите дипломи за високо образование

Фактот дека имало таков разговор покренува сериозни прашања во врска со професионалниот интегритет. Сите наводи за злоупотреба на службената положба или други случаи на недолично однесување треба веднаш да бидат истражени од властите – се вели во писмената изјава на Делегацијата на ЕУ во БиХ.

Нивниот портпарол Фердинанд Коениг објасни дека никој „не смее да биде над законот, без разлика каква функција извршува“.

За време на состанокот во неколку наврати, шефот на Службата за разузнавање и безбедност, Осман Мехмедагиќ Осмица, побарал од главниот државен обвинител Гордана Тадиќ да го отстрани обвинителот Олег Чавка за да не продолжи да ги испитува неговите дипломи, кои подоцна се покажа дека се фалсификувани.

Минатата година беше поништена една универзитетска диплома од Бања Лука, а оваа година Мехмедагиќ дури беше уапсен откако беше утврдено дека е фалсификувана уште една диплома од Американскиот универзитет во Сараево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.