Канцеларијата на Европската унија во Косово обезбеди помош од пет милиони евра за Косово за борбата против епидемијата на коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Портпаролката на Канцеларијата, Динка Живаљ изјави за „Коха.нет” дека целта на ЕУ е да помогне во здравствената заштита на населението на Косово, но и на домашната економија, со цел да се ублажи кризата предизвикана од пандемијата.

ЕУ секогаш била покрај народот на Косово, во добри и во кризни времиња. Работиме и со меѓународните организации за да му помогнеме на Косово и ќе доделиме пет милиони евра за борба против ширењето на Ковид-19, изјави Живаљ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.