Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска во Будимпешта ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Ердоган во службена посета на Унгарија беше пред една година и тоа беше негова последна билатерална средба во една земја на Европска Унија, бидејќи поголемиот број европски лидери јасно покажуваат резерви кон турскиот претседател поради неговото антидемократско однесување, пред се со офанзивата во североисточна Сирија.

Но, Унгарија за разлика од другите европски држави ги прифати аргументите на Ердоган, дека офанзивата е во интерес на Европа со цел да се избегне зголемување на бројот на бегалци.

Поради посетата на Ердоган невладиниот сектор „солидарен со курдскиот народ и против примањето на диктаторот“ организира протест во Будимпешта

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.