Турскиот претседател Теџеп Таип Ердоган денеска ќе се состане со лидерите на ЕУ во Брисел, соопшти Советот на ЕУ.

Тој  ќе има средба со претседателите на Европскиот совет и на Комисијата, Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен во 18 часот.

Посетата на турскиот претседател на Брисел доаѓа по неколку вонредни состаноци организирани од ЕУ поради ескалацијата на ситуацијата на турско-грчката граница.

ЕУ во неколку наврати ја повикуваше Турција да го почитува Договорот за мигрантите потпишан во 2016 година и да запре нов бран бегалци кои пристигнуваат непречено на надворешните граници на ЕУ преку Турција во последните неколку дена.

Брисел ја предупреди Анкара да не ги користи мигрантите како „инструмент на притисок за дополнителна поддршка“ и истакна дека „ЕУ нема да дозволи да биде уценета“.

Европската страна наведува дека Унијата во целост се придржува до Договорот од 2016 година, што предвидува шест милијарди евра за хуманитарна помош на бегалците, од кои, според Брисел, се лоцирани 4,7 милијарди и веќе се платени 2,3 милијарди

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.