Турција ќе и даде на Грција „заслужен одговор“ во источно-медитеранскиот територијален спор меѓу двете земји, рече во средата турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, според извештајот на АФП.

И САД и Германија ги критикуваа постапките на Анкара за Источен Медитеран, повикувајќи го Ердоган да стави крај на тензиите во регионот и да избегне провокации во односите меѓу Анкара и Атина.

Турското Министерство за надворешни работи претходно ја обвини Грција за изнесување „неосновани обвинувања“, но подоцна покажа подготвеност да учествува на конференција со Европската унија на која ќе ги решава своите проблеми со Атина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.