Сојузниците не смеат да ја напуштат Турција во борбата против тероризмот, порача денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Овој став Ердоган го соопшти откако Анкара го одобри планот на Алијансата за одбрана на Балтикот и Полска.

Ердоган претходно , во пресрет на самитот, кажа дека Анкара го блокира планот додека сојузниците не ја поддржат борбата против курдските милиции кои Турција ги смета за терористички организации, пренесоа британските меидуми.

Во обраќањето до медиумите во Лонодн, по самитот на НАТО, на кој лидерите на Турција, Франција,Германија и Велика Британија водеа одвоени разговори за Сирија, Ердоган кажа дека четворицата лидери повторно ќе се состанат во Истанбул, во февруари.

Како што денеска дополни, сите четворица лидери се согласиле од сега да водат разговори најмалку еднаш годиншно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.