Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Грција треба да им овозможи на мигрантите да одат во други европски земји бидејќи растат тензиите на границата меѓу двете држави.

Грција, овие луѓе не доаѓаат кај вас да останат, тие доаѓаат и одат во други европски земји“, рече тој во Истанбул, пренесува Хина.

„Зошто тоа ви пречи?“, Додаде тој. „Само отворете ја вратата за нив“.

Ердоган ја критикуваше Грција за нелегално враќање на мигрантите во Турција и „тепање“, „убивање“ и „измачување“.

Турција ги обвини грчките безбедносни сили дека пукале во двајца мигранти на границата минатата недела, нешто што Атина го негира.

Грчката влада во неделата објави ноќно видео од границата, на кое, наводно, се гледа како турско воено возило отстранува ограда.

Турскиот претседател ќе отпатува за Брисел во понеделник на разговори за договорот од 2016 година меѓу Турција и Европската унија, како и за ситуацијата во северозападна Сирија.

Тој ќе се сретне со претседателот на Европската комисија Урсула фон дер Лејен, потврди портпаролот на Ердоган.

Анкара и Брисел имаат договор според кој Турција ги запира мигрантите на пат кон Европа, како замена за европска финансиска помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.