Британскиот дневен весник Тајмс (The Times) објави дека претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган е мета на остри критики откако беше откриено дека примил трета доза вакцина против Ковид-19.

Ердоган првата доза на кинеската вакцина Синовак ја прими на 14 јануари, меѓу првите луѓе во Турција кои се вакцинираа. Тој се ревакцинираше на 11 февруари, а на 10 март прими уште една вакцина, но не е познато дали Синовак или Фајзер.

Ердоган (67) е првиот лидер во светот кој призна дека примил три дози вакцина против ковид-19. Тој тврди дека третата доза ја примил за да провери дали има антитела.

Третата доза од вакцината Ердоган ја прими кога голем број луѓе во Турција требаа да чекаат 12 седмици за ревакцина поради недостиг на вакцините од Фајзер.

Досега во Турција аплицирани се речиси 30 милиони вакцини, а 12 милиони луѓе или 15,4 проценти од возрасната популација се ревакцинирани.

Приоритет за вакцинација се вработените во туризмот, бидејќи индустријата обезбедува над 10 отсот од бруто домашниот производ на земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.