Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера отвори 46 нови фабрики во индустриската зона во градот Ескишехир.

Во таа прилика, Ердоган рече дека Турција ќе продолжи да биде стабилна и безбедна земја за инвестиции.

„Секој што инвестира во Турција ќе продолжи да остварува профит“, рече Ердоган.

Тој им се обрати и на оние кои очекуваат и се надеваат дека Турција ќе се сопне.

„Им порачувам на оние кои се надеваат и чекаат да се сопне нашата земја, не се возбудувајте премногу, никој нема моќ да ја наруши климата на стабилност и доверба во оваа земја“, рече Ердоган.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.