Турција не блефира околу отворањето на границите кон Европа за бегалците, изјави турскиот потпретседател Фуат Октај, ден откако претседателот Реџеп Таип Ердоган рече дека „ќе ги отвори портите“ на мигрантите доколку не добие поголема меѓународна поддршка и „безбедносна зона“ на северот од Сирија.

„Изјавата на нашиот претседател не е ниту закана, ниту блеф“, рече Октај за новинарите. Турција нема да ја „плати сметката“ за кризи создадени од други земји, додаде тој.

И додека Турција го зацврстува својот ставов околу ова, Грција бележи нагло зголемување на пристигнувањата на недокументирани мигранти на егејските острови., пишува „Катимерини“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.