Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оцени денеска дека ЕУ подлегнала на уцените на Грција и Кипар во врска со состојбата во источен Медитеран.

Тој ова и го соопштил на германската канцеларка Ангела Меркел, за време на нивниот разговор по пат на видео-повик, пренесува Ројтерс.

Ердоган и порачал на Меркел дека минатонеделните одлуки донесени на самитот на ЕУ не се доволни за надминување на проблемите во односите меѓу Анкара и Брисел, соопштуваат од кабинетот на турскиот претседател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.