Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган побара победата на опозицијата на локалните избори во Истанбул да биде прогласена за ништовна. Шефот на државата побара повторно гласање во турскиот мегаполис, што дополнително го зголеми притисокот врз Врховната изборна комисија во земјата.

Сосема е јасно дека има неправилности и корупција. Ако Врховната изборна комисија може да ги отстрани сите сомнежи, тоа ќе ја олесни совеста на нашите граѓани, истакна турскиот претседател.

Се очекува Врховната изборна комисија да се состане в понеделник со цел да се разгледа барањето на владејачката Партија на правдата и развојот да ги поништи резултатите од изборите што се одржаа на 31 март. На гласањето за градоначалник на Истанбул победи главниот опозициски кандидат Екрем Имамуглу, но со малку гласови предност.

Делумни пребројувања на гласовите беа спроведени и во Анкара и во Истанбул, но со тоа беа само потврдени претходните резултати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.