Националната авиокомпанија „Ер Србија“ до крајот на јуни ќе започне со обновување на летовите од Белград кон голем број дестинации, поврзувајќи ја српската престолнина со повеќе од 20 градови во својата меѓународна мрежа.

Од компанијата соопштуваат дека во текот на месец јули ќе воспостават летови до околу 40-на дестинации. Сите планови додаваат се прелиминарни и почетокот на овие летови ќе зависи од повеќе фактори, а пред се од укинувањето на ограничувањата за патување во одредени земји.

Националниот авиопревозник во моментов ги обновува летовите до Амстердам, Париз, Франкфурт, Њујорк, Лондон, Љубљана, Сараево, Виена и Цирих.

Во периодот од 15 до 30 јуни, „Ер Србија“ планира повторно да започне со летање до Атина, Берлин, Брисел, Букурешт, Копенхаген, Дизелдорф, Истанбул, Подгорица, Прага, Софија, Сплит, Стокхолм, Штудгард, и Тирана.

За време на јули во план се обновување на летовите до Барселона, Дубровник, Киев, Мадрид, Милано, Ница, Рим, Пула, Солун, Венеција, Загреб, Задар и Скопје.

Во август српската авиокомпанија планира повторно поврзување со Русија, со обновување на летовите до Москва, Санк Петерсбург и Краснодара.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.