Ер Србија ќе започне со обновување на воздушниот сообраќај кон Шпанија на 12 јули, на летот од Белград кон Мадрид, како прва авиокомпанија која повторно ги спои Србија и популарната земја на Медитеранот.

Само еден ден подоцна, Ер Србија ќе воспостави летови кон Барселона, објави националната авиокомпанија

Националната авиокомпанија започна летови кон Мадрид и Барселона во јуни 2019 година, продолжувајќи ја традицијата на својот претходник ЈАТ, кој работеше на добро познатите туристички дестинации во Шпанија до 1998 година.

Среќни сме што ги реновираме воздушните мостови кон Мадрид и Барселона, две дестинации кои веднаш по воведувањето минатата година предизвика голем интерес кај нашите патници. Сега имаме можност повторно да им понудиме утрински и вечерни летови, кои се погодни и за деловни и за туристички патувања – рече директорот за комерција и стратегија на Ер Србија, Јири Марек.

Националната авиокомпанија ќе сообраќа  до шпанската престолнина и големото медитеранско пристаниште двапати неделно, до Мадрид во четврток и недела, а до Барселона во петок и понеделник.

Кога распоредот на летот ќе достигне полн капацитет, Ер Србија ќе понуди добра мрежна поврзаност од Шпанија преку Белград до Дубровник, Подгорица, Сараево, Софија, Сплит, Тирана и Тиват, објави Ер Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.