Епидемиологот д-р Бранислав Тиодоровиќ за српските медиуми вели дека состојбата во Србија не е веќе вонредна, туку е катастрофална, а коронавирусот не знае што е тоа „српски инает“.

Според него, веќе е време за најригорозни мерки, со голем опфат на вакцинација. Тој смета дека барем на 10 денови мора да се воведат најстроги рестрикции кои ќе ги опфатат сите, освен маркетите, аптеките и бензинските пумпи.

Тиодоровиќ смета дека е многу лошо што младите се „фрлија“ на ноќен живот и постојано се во големи групи. Тој најавува дека би можело да се воведат најстроги мерки за да се смири сегашната состојба, по што би се растеретиле и болниците и би се контролирала ситуацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.