Епидемиолошката состојба во Црна Гора е „крајно алармантна и сериозна“.

Во интервју за весникот „Побједа“, епидемиологот на Институтот за јавно здравје Сања Меденица, предупредува дека сите сценарија се можни.

Според последниот дневен извештај на црногорското министерство за здравство, во Црна Гора починале 10 пациенти, а има повеќе од 500 новозаразени со корона вирусот.

Мора да имаме предвид дека оваа состојба, која трае од март, ќе влијае на луѓето, без разлика дали се заразени или не. Не е лесно да се променат сите наши навики преку ноќ и сè она што до вчера го сметавме загарантирано и нормално, со цел да го зачуваме нашето здравје и здравјето на оние кои ни се важни – вели Меденица.

Таа истакнува дека заштитата е многу едноставна и оти само почитувањето на епидемиолошките мерки може да донесе подобрување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.