Четири лица се повредени во експлозија и пожар во новата ковид болница во Клиничкиот центар во Ниш.

Како што јавува белградска ТВ Н1, повредени се тројца медицински работници и еден пациент.

Според полоцијата до пожарот дошло кога експлодирала боца со кислород и тој бил брзо изгаснат. Истрагата се уште е во тек и повеќе информации ќе бидат достапни подоцна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.