Во експлозија во центарот на Белград, што се случи утринава околу 10 часот, загина едно, а повредени се најмалку две лица.

Како што објави „Блиц“, експлозијата се случила пред згрдата на РТС во Абердарева улица, каде што работници работеле на реконструкција на инсталации.

Ekspolozija u Abardarevoj

Не е позната точната причина за експлозијата, но според првичните непотврдени информации, екипите на терен се сомневаат дека дошло до експлозија на боца за заварување.

Како што пренесува РТС, меѓу работниците има повредени, од кои еден потешко, а друг полесно.

Според телевизијата, од силината на експлозијата биле уништени неколку службени возила, а се искршиле и прозорци на зградата.

Противпожарни и полициски екипи во моментов се на терен и целосно е блокиран пристапот до тој дел на градот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.