Група слична на „Јавна соба“, со повеќе корисници од регионот, беше откриена деновиве од страна на една од жртвите. Станува збор за таканаречената „Екс-Ју балканска соба“ на Телеграм во која членуваат повеќе од 35 илјади лица, а во која секојдневно се споделуваат експлицитни фотографии, видеа, но и домашни адреси од жени во Србија и пошироко.

Една од девојките поднесе кривична пријава за да се пронајдат одговорните, а во меѓувреме групата е избришана.

Слична група беше откриена и во Ниш, наречена „Нишлијке“ со 25 илјади членови, а на „Твитер“ брзо беше пронајден администраторот.

Девојките очекуваат српското обвинителство да постапи соодбетно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.