Економскиот пакет и мерки со кои Унгарија ќе ги санира последиците во економијата после пандемијата на коронавирус и со кои директно ќе помогне на бизнисите и на граѓаните е меѓу најдобрите во Европа. Со 19.6 отсто од домашниот БДП, Унгарија води пред сите останати европски земји, освен пред поголемите економии како Германија и Велика Британија.

Следна на листата е Чешка, која за помош на економијата одвојува колку 18 отсто од државниот буџет.

Само владата на една земја има одвоено помалку пари за граѓаните и бизнисот од Македонија. Станува збор за Белорусија, каде претседателот сè уште одбива да воведе било какви рестрикции или мерки за борба против коронавирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.